ИЗЛОЖБА: „Ризница на музејски експонати“
18-05-2021 РЕГИОН

По повод светскиот ден на музеите кој традиционално се одбележува на 18 мај, Музеј галерија Кавадарци денеска отвори нова изложба насловена „Ризница на музејски експонати“.


Презентиран е еден сегмент од лепезата на музејски експонати од богатата и разновидна музејска ризница, од сите музејски одделенија.
Претставени се само неколку ликовни дела од вкупно 201 од збирката на  ликовни дела со кои располага кавадаречкиот музеј, неколку икони и црковни  реликвии од вкупно 40 во сопственост на Музејот, само дел од преубавата  археолошка збирка од вкупно 1200 предмети, етнолошко катче во кое е  презентиран дел од вкупно 650 предмети, неколку парчиња од оружје и  три комитски носии од вкупно 132 предмети и огромен книжен фонд од историското одделение.


Целта на изложбата е депонираните експонати од сите области на
музејската дејност да ги доближиме пред пошироката јавност - велат од музеј галерија Кавадарци.

 



Share

Додади коментар