Изложба на Црвен Крст “Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хумноста
30-06-2016 РЕГИОН

Во Музеј Галерија Кавадарци беше отворена изложбата на фотографии преку кој публиката имаше можност да ја согледа интензивната подршка која републичкиот црвен крст секојдневно ја дава за мигрантите кои транзитираат низ Македонија кон западно европските земји.Изложбата е дел од кампањата стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста, а благодарност што по официјалното отварање во Скопје истата доаѓа во Кавадарци искажа претседателот на кавадаречкиот црвен крст Димитар Каракулев.

 

Активностите на нациналното друштво се спроведуваат од страна на 264 волонтери и вработени кои континуирано во текот на целиот ден обезбедуваат подршка за најранливите мигранти и бегалци во прифатните центри во близина на граничните премини во Гевгелија и Табановце.

 

Фотографиите сведочат за настаните кои се случија во нашето секојдневие како и чекор во подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби во време на миграции предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот рече на отварањето претседателот на Републичкиот црвен крст доктор Милчо Трајков.

 

Подршката на црвен крст за мигрантите и бегалците е во форма на безбедување на храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски. За ова секојдневие, но и за транзитот на мигрантите во следните недела дена ќе сведочат фотографиите изложени во Музеј Галерија Кавадарци.

 

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар