ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА
07-07-2021 РЕГИОН

Музеј галеријата на град Кавадарци во петок од 12 ч. ке ја отвори излочбата на фотографии насловена како „Спомениците од НОВ и Илинденскиот период во општина Кавадарци“. Периодот од НОВ и Револуцијата 1941–1945 година како и Илинденскиот период претставуваат значајна страница од историјата на Тиквешкиот крај за што сведочат и големиот број на подигнати споменици и спомен обележја за истакнати борци и значајни настани.

 

Територијата на општина Кавадарци претставува подрачје кое изобилува со голем број на споменици на културата и спомен обележја од најразличен временски период кои преку презентација и популаризација на историското минато се обидуваат да го зачуваат колективното паметење и историската свест.

 


Ако споменеме дел од нив според хронологијата тоа се:


- Спомен плоча на членовите на првиот комитет на ТМОРО во Кавадарци во 1894 година,
- Спомен плоча за престојот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Кавадарци 1901 година,
- Спомен биста на Гоце Делчев во ООУ,,Гоце Делчев“ Кавадарци и во училиштето во село Марена.


Од Илинденскиот период:


- Спомен плоча за битката кај ,,Дреновица“, близу с.Шешково во 1903 година.

 

 

Во периодот по Илинденското востание:


- Спомен плоча за борбата на четата на македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов во 1905 г. во с. Ресава,
- Спомен плоча за убиството на војводата Добри Даскалов во 1912 година,
- Спомен обележје за Пере Тошев,
- Споменик подигнат во 2013 година во Парк ,,Полана“ во спомен на жртвите од Тиквешкото востание 1913 година, по повод 100 години од почетокот на востанието.


Подигнати се и голем број на Споменици и Спомен – обележја од периодот на НОВ и Револуцијата 1941-1945 година, како што се бисти на истакнати борци,спомен плочи,
спомен чешми, спомен скулптури итн.

М.В.

 



Share

Додади коментар