Изградени тротоари на улиците „Методија Џунов-Џико“ и „Киро Крстев“
13-02-2018 РЕГИОН

 

Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“.

 

Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2  на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата„Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот дооградата на Здравствен дом-Кавадарци.

 

Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денaри.

Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците кои се движат на овој правец, каде има се поголема фрекфенција на моторни возила.

 

 

 

Започнаа работите на поставување на тротоар на улицата „Киро Крстев“. Работите ги изведува кавадаречката фирма „Урбан Инвест“.

 

За оваа намена општината инвестира вкупно 350.000 денари, пари од буџетот,согласно програмата за комунална изградба.Се работи на потегот одтротоарот наделот помеѓу улиците „Браќа Миладинови“ улица „Елпида Караманди“.На површина од 330м2 ќе бидат поставени бекатон коцки.

 

Со овојзафатопштината ќе овозможи побезбедно движењена пешаците.

 



Share

Додади коментар