Општина Кавадарци заврши со реализиацијата на проектот за ревитализација на улицата „Брушанска“. Жителите на овој дел од градот добија уште една урбанизирана улица како надополнување на веќе реконструираните „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.
Претходно ЈП „Комуналец“ работеше на реконструкција на канализационата мрежа.
Согласно програмата за комунална изградба, општина Кавадарци реализираше проекти за реконструкција на тротоари на улиците „Партизанска“ и „Лазо Мицев“ кај паркот „Полана“.
Според проектот општината изгради нови тротоари од павер елементи на површина од 480 м2.
За оваа намена согласно програмата од буџетот за комунална изградба општината изввојува 590.000 денари.
Проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“ влегува во поодмината фаза од изградбата.
Поставени се последните рабници од внатрешниот круг со што се оформи новата контура на атлетската патека околу фудбалскиот терен. Општината овде ќе постави асфалтна подлога, која ќе ја замени досегашната земјена патека. Со асфалтирањето во многу ќе се подобрат перформансите на патеката, со што на многубројните рекреативци општината ќе им создаде подобри услови за спортување и рекреација.
Паралено со градежните работи, општината работеше и на подобрување на јавното осветлување кое набрзо ќе биде ставено во функција за ноќна рекреација на спортскиот центар „Јасмин“.
Додади коментар