Изготвени уверенијата за положен ловечки испит
03-02-2015 РЕГИОН

60 уверенија доби Ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци на име на кандидатите кои на 5 ти декември изминатата година ловечки испит полагаа во Неготино. Ова значи успех бидејќи бројката говори дека речиси над 98% од нашите кандидати успешно го поминаа испитот, вели секретарот на друштвото Тоде Пановски. Тој информира дека канидатите кои полагале и кои го очекуваат уверението од утре можат истото да го подигнат од Ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци секој работен ден најдоцна до 13 часот. За секретарот 2014 не само на испитно поле туку  воопшто важи за успешна година.

 

Според статистиката плодна е и по бројот на членство и по бројот на застрел.Завршувањето ловна сезона кај крупниот дивеч вонглавно заокружи плодна година. Пановски информира дека статистички во ловиште за ситен дивеч број 9 Ваташа, ловната сезона која траеше од 11 октомври до 15 декември 2014 завршила според планираното со застрелани 20 зајаци и 30 полки еребици.Во ловиштето број 10 Кошани исто за ситен дивеч изминатата сезона со право на лов од 11 октомври до 15 декември завршила со застрелани 15 зајаци и 12 полки еребици. Успешна минатата година со целосно исполнување на планот беше и на ловиштата за крупен дивеч, вели секретарот на Ловечкото друштво Тиквеш, Тоде Пановски.

 

Статистиката за овие две ловишта вели дека во Куманичево или поточно ловиште број два каде ловната сезона 2014 заврши заклучно со 31 јануари 2015 забележа реализиран застрел на 11 машки и 10 женски свињи.Во истиот ловен период на ловиште број 4 Мрежичко реализиран е застрел на 14 машки и исто толку женски свињи. Морам да потенцирам дека планот според ресорното министерство е целосно реализиран.Останува да посакуваме успешна да ни биде и оваа тековна година, вели Тоде Пановски. Инаку во моментот законски важи ловостојот, а ловот е дозволен само за штетен дивеч односно волк, лисица, куна белка и куна златка.

Милица Младенова



Share

Додади коментар