Изготвен е предлог буџетот за 2015 на Кавадарци
09-12-2014 РЕГИОН

Општинската каса на Кавадарци и наредната година ќе биде речиси на истото ниво како и годинава. Предлог буџетот е веќе изготвен и им е доставен на советниците на разгледување, по што на седница ќе се слушнат политчките размислувања за истиот.

 

Предлог буџетот за 2015 на Кавадарци е димензиониран на износ од 664.957.000 денари. Основниот буџет изнесува 311.735.000 денари, буџетот од самофинансирачки активности 29.483.000 денари, буџетот од дотации во износ од 314.226.000 денари и буџетот од донации во износ од 9.513.000 денари.

А.Д



Share

Додади коментар