Изгоре дел од братска куќа во Неготино
22-02-2014 РЕГИОН

Во пожар утринава   настрада куќа во Неготино на улицата Цандо Кожинков бр.12. Сопственост на семејството Доневи.

 -Пламените јазици зафатија еден дел од братска семејна куќа. Изгоре дел од таванската конструкција, изграден од греди и трски и дел од покуќнината. Пожарот беше навремено пријавен и ние веднаш интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Добро е што огнот не се прошири на другиот дел од братската куќа-рече командирот на неготинската противпожарна единица Иле  Илиев.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека утринава во неготинската полиција е пријавен пожарот и рече дека во текот на денот ќе биде извршен увид во опожарената куќа, по што ќе бидат познати и причините за пожарот.

Помош на семјеството Доневи им понуди веднаш локалната самоуправа. Беа ангажирани лица за расчистување на остатоците од пожарот. Секретарот на општина Неготино, Сашко Јанев  рече дека  општината ќе донира и пакети со прехрамбени производи, а апелираше до бизнисмените од градот да донираат во свои можности за да им се помогне на Доневи и да го продолжат живтото во семејната куќа.

A.Д



Share

Додади коментар