Извозот на македонско јагне од кавадаречката кланица не задоволува
19-03-2014 РЕГИОН

Од кавадаречката кланица “Серта компани” велат дека извозот на македонско јагне засега оди слабо бидејќи кај најголемите увозници, италијанците и грците, сеуште траат постите. Извезените количини биле помали од ланските но за бројките сеуште било рано да се зборува.

 -Велигденскиот извоз сеуште не  е започнат. Најверојатно ќе започне некаде следната недела кога ќе имаме и малку попрецизни податоци околу тоа што годинава се случува со пласманот на јагнешко месо во земјава и странство. За жал нема најави за извоз на големи количини македонско јагне на странските трпези. Можно е тој интерес да се зголеми подоцна и ние впрочем многу се надеваме на тоа, да се врати интересот на јагнето произведено во Македонија. Засега ги согледуваме состојбите на терен и се обидуваме да договориме што е можно повеќе извоз на нашето јагне-кажува сопственикот Ристо Михајлов.

 Се на се, вели тој, состојбите во секторот не се баш најдобри, но тие се сеуште оптимисти имајќи ја во предвид економската криза на глобално ниво.

С.Д



Share

Додади коментар