Извидничкиот одред од Кавадарци го одбележа светскиот ден на извидниците
22-02-2021 РЕГИОН

Извидничкиот одред „Авантуристи“ од Кавадарци денеска го одбележа светскиот ден на извидниците 22-ри февруари.  Одбележувањето помина со почитување на препораките за заштита од ковид 19.

 

 

„Извиднички одред Авантуристи - Кавадарци во својот град ја направи,  односно организираше таканаречената "Патека - Баден Пауел" на која учество земаа 7 екипи и 10 волонтери кои исто така беа контролори на 5 контролни точки. Околу 40 извидници од нашиот град чекореа по патеката со насмевки и возбуда, собраа околу 100 шишиња и соодветно ги фрлија, потоа нахранија околу 20тина улични кучиња и мачки, ги извршуваа и одредените задачи  поставени од нивните контролори и водачи.  Со ова сакаме да укажеме на сегашните и идните генерации да се грижат повеќе за природата кој е најголем услов за опстанокот на живиот свет.  И  за крај може да заклучиме дека извидниците Создаваат подобар свет“ велат од кавадаречкиот извиднички одред.

 

Денес, по овој повод, повеќе од 500 извидници низ цела Македонија каде што има Извиднички одред се организираше акција.

 

 

    

 



Share

Додади коментар