Извештај на ИЈЗ: Кавадарци со највисока неделна инциденца на Ковид 19
07-04-2021 РЕГИОН

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 29.03-04.04.2021

Тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во  однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во  државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела.

 

Процентот на позитивност се  движи од 21,0 до 35,2%, просечно 29,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  (n=3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од  583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица  на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во  возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39 (n=1.414; 17,8%), 40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20- 29 (n=917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години  (n=381; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на  претходната недела е  забележано кај возрасните групи од 10-19 години (17,6%) и 60+ (16,1%), додека во групата од 0- 9 години забележуваме намалување (29,9%).

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.040 (50,9%) лица од женски и 3.893 (49,1%) од машки пол.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно  лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5% повеќе во однос на минатата недела. Во  однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.



Share

Додади коментар