Извештај на ИЈЗ за периодот 9 – 15 ноември 2020: Скопје со најголем број на заболени и највисока инциденца - најзастапена возрасна група е над 60 години
18-11-2020 МАКЕДОНИЈА

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=3.305; 44,9%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за 2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1496; 20,3%), 40-49 (n=1435; 19,5%), 50-59 (n=1410; 19,2%) и 20-29 (n=961; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=120; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,9%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.
Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 9 до 15.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Додади коментар