Извештај на ИЈЗ за период 23-29.11.2020: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти
02-12-2020 МАКЕДОНИЈА

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=1.624, 24,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.409; 20,9%), 40-49 (n=1.258; 18,7%), 50-59 (n=1.210; 17,9%) и 20-29 (n=877; 13,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=99; 1,5%) и 10-19 години (n=261; 3,9%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.

Додади коментар