ИДИОТИЗАМ: Украдени држачи од катната гаража во Кавадарци
20-06-2017 РЕГИОН

 

Граѓаните кои паркираат во катната гаража во Кавадарци се соочени со голем ризик, да им се сруши катот од истата. Ваквата опасност демне откако непознати сторители деновиве ги украле стегите или држачите од столбовите. Со ваквиот идиотски чин е нарушена статиката на гаражата и е нарушена безбедноста на сите граѓани кои ја користат ова гаража за паркирање на своите возила.

 

Дрскоста и безобразлукот да бидат поголеми, катната гаража е на само неколку метри од полициската станица. Се поставува прашањето колку ли биле „храбри“ арамиите.

 

Неофицијално, овие стеги би можело на крадците да им послужат за изработка на некакви плугови.

 

Од општината го осудуваат овој чин и бараат сторителите да бидат пронајдени и соодветно казнети.

А.Д

 

 



Share

Додади коментар