Претседателот на Македонија, Ѓорѓe Иванов вчера при посетата на Кавадарци во изјавата за медиумите искажа оптимизам дека договорот за излез од кризата, меѓу политчките партии ќе се реализира.
„Со внимание ги следам сите настани околу исполниувањето на политичкиот договор договорен од лидерите на политчките партии. Се надевам дека се ќе оди како што е предвидено и дека утрешената посета на Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено. За да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она она што го превзеле и да го реализираат, затоа што роковите течат а договорот мора да се почитува“ рече Иванов.
Иванов на новинарско прашање околу бегалската криза и случувањата во Куманово рече дека е оптимист за стабилизирање на состојбите.
„ Бегалската криза не е нешто што само нас не засега. Од Северна Африка и Блискиот Исток многу луѓе се во потрага по среќа. Тие луѓе бегаат затоа што немаат каде да се заслонат, немаат домови. Затоа и целиот континет, цела Европа е ангажирана, сите институции, да се излезе во пресрет на тие луѓе. Затоа што, да појдеме од нас, нема во нашите семејства некој што не бил бегалец или не дошол од друг простор да живее на овој простор. И ако кон нашите претци така се однесуваме, зошто кон бегалците да го немаме истото чувство, дека тие луѓе сакаат едноставно да се спасат од сите оние конфликти што постојат во местата од кои што доаѓаат“ рече Иванов.
Иванов нагласи дека случајот во Куманово обвинителите го истражија и во најскоро време тој ќе биде процесуиран во судот и ќе се знаат виновниците.
„Најважно е да се дознаат и мотивите. Да се дознае кој е оној кој го посакал тоа да ни се случи на сите нас кои живееме во Македонија. Но, таков е светот, гледате. Секоја вечер нешто се случува во светот. Останува ние да сме си посветени на државата, да си ја чуваме и секој од нас да придонесува кон стабилноста на државата“ порача Иванов.
A.Д
Додади коментар