И синоќа протест „За заедничка Македонија“ во Кавадарци
04-03-2017 РЕГИОН

Голем број граѓани и синоќа се приклучија на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Протестниот марш тргна од црквата Света Петка, низ улиците во градот се до градскиот плоштад.

 

„Сите политички партии со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да се отфрли платформата од туѓи држави. Со законот за територијална организацијаво 2004 година се направи редефинирање на поголем дел од општините и се отвори пат за многу екстремни барања. Тогаш не бевме доволно силни и гласни да го спречиме тоа“ рече на протестот пред присутните Вероника Костадинова.

 

И вториот протест „За заедничка Македонија“ заврши мирно.

 

А.Д



Share

Додади коментар