И Росоман дел од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството
22-05-2013 РЕГИОН

Во рамки на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија во Богданци, продолжува Караванот за климатски промени, кој во текот на мај и почетокот на јуни треба да посети шест рурални општини во Македонија.Целта на оваа кампања е да допре до жителите од руралните средини за да ја зајакне нивната свест за предизвиците од очекуваните климатски промени и потребата од заедничко дејствување ниво на заедницата.Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.

Дел од караванот деновиве беше и Општина Росоман избрана како една од општините со висока стапка на квалитетно земјоделско производство па според таа оценка  носителот на проектот посака да допре до жителите на Росоман за да им укаже како да се прилагодат кон климатските промени,а истовремено да го задржат квалитетот во земјоделството.Добро е што жителите ја прифатија имплементацијата на овој проект па многумина од нив и се интересираа по детално да ги запознаат стручните препораки.Овој проект на УСАИД ја доби и поддршката од Локалната самоуправа во Росоман.



Share

Додади коментар