И понатаму се опструира чистењето на патот до Ски Кожуф
31-03-2018 РЕГИОН

 

Не само што не се одржува и расчистува патот до скијачкиот центар Кожуф од одрони, туку се опструира и неговото чистење од снег, обвинија денеска сопственици на објекти на Кожуф.

 

Тие денеска до нашата редакција доставија фотографии на кои се гледа дека екипи на Македонија пат стигнале до месноста „Асан чешма“, и се вратиле назад, без притоа да го исчистат патот, како што претходно тврдеа од Македонија пат дека имаат обврска, до рампата пред влезот во населбата на скијачкиот центар.

 

Механизацијата се вратила назад, а патот останал непрооден поради снегот.

 

 

Се обративме за информација по ваквите тврдења и до директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, кој ни рече дека ја проверил состојбата на терен и дека нивната екипа постапила согласно дадениот налог од надзорот и дека утре ќе продолжеле со расчистување на снегот до рампата на ски центарот.

 

Сопствениците на објекти обвинуваат дека поради негрижата на институциите се остава овој регионален пат за кој државата инвестираше околу 8 милиони евра да биде оставен на милост и немилост на природата.

 

А.Д



Share

Додади коментар