И покрај штрајкот денеска во градинката во Кавадарци беа згрижени 320 деца
11-04-2022 РЕГИОН

Од вкупниот број запишани дечиња во детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци 1200, денеска на првиот ден од генералниот штрајк беа згрижени 320 деца, потврди за КТВ, директорката Цанка Добринова.

 

Таа информира дека во функција биле  сите девет  објекти на детската градинка. Во штрајкот биле вклучени сите редовно вработени, а за згрижување на децата биле ангажирани само лицата кои се вработени преку агенција за времени вработувања.

 

Oд општина Кавадарци во петокот преку соопштение  ги информираа сите родители чии деца посетуваат детска градинка на територијата на Општина Кавадарци дека згрижувањето ќе продолжи нормално да функционира непречено додека  се одвива штрајкот.

 

„Децата ќе бидат прифатени од вработените одговорни за прием во објектите во временскиот период како и досега. Доколку било кој родител биде одбиен за прием на неговото дете истиот може да се обрати до лице одговорно за следење на процесот за згрижување кое ќе биде присутно во детската градинка“ – стои во соопштението од општина Кавадарци.

 


A.Д



Share

Додади коментар