И денеска дожд, грмежи и ветер
12-06-2013 РЕГИОН

Претежно облачно  со врнежи од дожд грмежи и ветер ќе биде и денеска. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер.. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 26°C.

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 29°C. УВ индекс 6.

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне локални врнежи од дожд ќе има во северозападните и југоисточните предели. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 9 до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C. УВ индекс 7.

http://weather4all.com.mk



Share

Додади коментар