На вчерашната своја седница Општинскиот Совет за превенција од Малолетничко престапништво на град Кавадарци донесе одлука на 15 октомври 2014 година да го организира третиот по ред ,,САЕМ ЗА ВОН УЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ,, на кој ќе можат да се престават со свои штандови и активности сите спортски клубови, културно уметнички друштва,НВО и други клубови каде младите можат да го поминуваат своето слободно време.
Ова е шанса и за зголемување на бројот на нови членови во сите клубови, а воедно ќе значи исполнување на слободното време на младите со корисни и здрави активности за нив. Сметаме дека ваквиот саем е најголема превенција воопшто.Првиот договорен состанок со клубовите и локалната самоуправа е на 01.10.2014 година -среда во 14 часот во големата сала на Општината.Општинскиот совет за превенција од малолетничко претстапништво Кавадарци ги покануваат преставниците од сите клубови, НВО, културно уметнички друштва, за присуствуваат на овој состанок.
М.М
Додади коментар