И во третиот квартал од 2017 КТВ со највисок рејтинг во Вардарскиот регион
18-10-2017 РЕГИОН

 

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги објави Податоците за досегот на радиостаниците и за вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на национално, регионално и локално ниво, за третиот квартал од 2017 година.

 

И во третиот квартал како и во сите одминати периоди, регионалната КТВ телевизија е со највисок рејтинг во регионот кој го покрива Д1 Велес, покажуваат податоците што ги објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

Удел на регионалните ТВ каналите од радиодифузниот регион Д1 Велес во бројот на канали што ги навеле испитаниците од територијата на регионот и во вкупниот број на наведени ТВ канали КТВ има досег од 3,54% или 14,54% неделен досег на вкупна гледаност на тв каналите.

 

Објективното информирање и непристрасното пренесување на информациите се главна причина за довербата што во континуитет КТВ телевизија ја има кај своите гледачи, бидејќи информативните содржини имаат и највисока гледаност. Исто така значителен удел во гледаноста имаат образовните и документарни емисии.

 

Вашата КТВ телевизија и во наредниот период ќе продолжи објективно да ги пренесува случувањата во регионот кој што го покрива. Ви благодариме на довербата.

Во Македонија трите најслушани радио станици се Антена, Канал 77 и Македонско радио.

 



Share

Додади коментар