И во последните денови од 2017 се работи на комунална изградба
29-12-2017 РЕГИОН
Патека која му беше многу потребна на инвалидизирано лице во с.Возарци е веќе изградена, информираа денес од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Патеката е донација од Градоначалникот преку компанијата Кожувчанка.
Исто така од кабинетот на Јачев информираат дека се работи и на пробивање на ул.Лазо Асијата покрај турските гробишта.
„За ова пробивање имаше доста голем број пријави од граѓаните и им беше од големо значење“ - велат од општината.

Додади коментар