Новиот правилник за исхрана во детските градинки веќе се применува во детската градинка „Рада Поцева“ Кавадарци. Од секогаш листата за исхрана во градинката тежнеела кон здрава храна па така и со промените лесно се адаптиравме бидејќи не беа потребни сосема мали измени, вели за КТВ координаторот на проектот здрава исхрана воспитувачот Душица Крстиќ од „Рада Поцева“.
Зеленчуковата градина градинката ја подготвува според сите правила и стандарди утврдени од министерството за труд и социјална политика.Засега пет леи од градината се целосно оградени, ќе следува поставување на заштитна ограда за сите, а со првата сезона за сеидба ќе биде извршен и првиот посад.
Потоа следува најважното, грижата од децата и персоналот несомнено ќе биде голема, но колку жителите од околината особено оние кои неретко девијатно се настроени ќе успат да и одолеат само гледајќи е прашање на време.Затоа уште сега упатуваме апел и ние и детската градина Рада поцева оставете најмладите да уживат во плодот на нивниот труд.
М.М
Додади коментар