Велес ќе ги подобрува можностите за отворање нови работни места.. Локалните власти формираа економско-социјален совет.. Тој треба да ја подобри комуникацијата меѓу бизнис секторот, општината и сите социјални партнери..Од локалната самоуправа велат дека ова тело ќе придонесе во подобрувањето на бизнис можностите кои ги нуди општината..
Договорот за формирање на локалниот економско-социјален совет се потпиша денеска.. Тој ќе брои 13 членови.. Во него учествуваат општината, синдикатите, сојузот на работодавачи, центарот за вработување, занаетчиската комора.. Локалниот економско-социјален совет ќе треба да ги утврдува приоритетите за подобрување на бизнис климата.. Со реализацијата на неопходните проекти треба да се намали и невработеноста..
Во економско социјалниот совет се вклучени училиштата и факултетите.. Во комуникациајта со останатите партнери ќе се бараат начини за продуцирање на образовен кадар според потребите на пазарот на трудот.. Токму поради ова приоритет на локалниот економско-социјален совет ќе биде вработувањето на младите..
Економско-социјалниот совет се формира преку проект на Европската Унија.. Го спроведува меѓународната организација на трудот.. Инаку Велес е втора општина во државата која формира локален економско-социјален совет.
Зоран Јаневски
Додади коментар