Кавадарчани се револтирани поради се почестите прекини на струјата. Четири дена по ред околу 22 часот делови од градот остануваат без струја по триесетина минути. Тие јавно прашуваат како е можно да се случуваат дефекти речиси секогаш во ист термин. Се сомневаат дека прекините биле поради наводно пренасочување на струјата за потребите на индустријата.
Поради големниот број на реакции на граѓаните и до нашата редакција побаравме одговор од ЕВН дали има вистина во ваквите сомнежи и поради кои причини градот останува во мрак. Во електронската преписка побаравме со камера да го регистрираме местото на дефектите со цел граѓаните да добијат вистинска слика поради кои причини се случува прекинот на струја. До затворањето на вестите не добивме одговор дали е можно наша екипа да го посети местото на интервенција.
Од ЕВН добивме официјално соопштение во кое се наведува дека Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Кавадарци интензивно работи на реконструкција на дистрибутивната мрежа во Кавадаречкиот регион.
Над 9 милиони денари биле инвестирани во реконструкција на трафостаницата на 110kV Kавадарци 2, каде што се врши замена на 10 kV прекинувачи со нови и инсталирање на нова заштитна опрема за истите.
Понатаму во соопштението стои дека до 10ти декември целосно ќе се завршел проектот и сите тековни проблеми ќе биле надминати.
ЕВН Македонија им благодари на своите корисници за трпението, а додека траат прекините на струјата на кавадарчани им останува да се жалат кој ќе им плати за штетите кои ги трпат поради честите прекини на струјата и тоа речиси секојденвно во ист термин.
А.Д
Додади коментар