Воведувањето на зонско паркирање и средување на метежот кој владее во градот беше главна тема на која дисктираа советниците во кавадаречкиот совет во рамки на 22-та редовна седница. На дневен ред беа одлуките кои треба да го регулираат паркирањето. И власта и опозицијата беа едногласни дека на Кавадарци му треба зонско паркирање, но за опозицијата не по секоја цена. Ставот на советниците од опозицијата беше дека не е во ред зонското паркирање да се организира преку јавно приватно партнерство бидејќи општината имала капацитет сама да го спроведува овој проект.
Опозицијата смета дека со паркинзите треба да стопанисува јавно претпријатие, а на тој начин општината ќе имала годишни приходи од околу 300.000 илјади евра, наспроти јавното приватно партнерство кога во општинската каса годишно би влегувале само 40-тина илјади евра.
Советникот Горан Белевски забележа дека цените кои треба да ги плаќаат граѓаните за паркирање се високи и понуди амандмани.
„Потребата од зонско паркирање е голема, бидејќи во Кавадарци има регистрирано околу 17.000 возила. Нашата дилема се јавува околу јавното приватно партнерство. Нашата анализа укажува дека исплатливоста е голема и треба да размислиме дали паркирањето да го дадиме на приватен партнер. Би имале нето месечна добивка од околу 30 илјади евра или 300 илјади евра годишно“ рече советникот од СДСМ Зоран Бањански.
По вака изнесениот став следуваа реплики од советниците од владеачкото мнозинство.
„Со ваквото паркирање ќе добиеме квалитет во паркирањето. Првично може ќе имаме негоативни поени, но да ги оставиме политичките поени настрана. На долгорочен план овој проект ќе значи многу“ рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев и упати забелешка до советниците на СДСМ дека имале паушална анализа околу приходите од паркирањето, а 46 илјади евра ќе била почетната цена најавното наддавање за избор на приватен партнер.
Дали јавно приватно партнерство е вистински модел за организирање на паркирањето ги разбранува страстите во советот. Следеа поостри реакции и обвинувања меѓу власта и опозицијата. Советничката Анита Гинова-Каракутова рече дека јавното приватно партнерство функционира на запад и дека партнерот кој ќе биде избран за зонко паркирање ќе треба да направи почетна инвестиција од околу 300 илјади евра.
Реплицираше Бањански и нагласи дека ако општината ги инвестирала тие 300 илјади евра потребни за да профункционира зонското паркирање ќе ги повратела уште по првата година од работењето.
„Многу е лесно кога сте во опозиција. Кај нас имаме опсежна анализа и така работиме со анализи. Тоа не разликува.“ реплицираше Јоиванчев.
Советничката од СДСМ Милица Андова нагласи дека општината имала капацитет да го организира паркирањето, а ќе загуби многу доколку пригфати јавно приватно партнерство.
“Не постои идеален модел. Можеме да копираме примери од другите општини и да ги применуваме кај нас“ рече меѓу другото во својата дискусија советникот Слободан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. Следеа уште неколку реплики и преукувања меѓу советниците од власта и опиозицијата.
Својот став во однос на организирањето на јавно приватно партнерство околу зонското паркирање го искажа и градоначалникот Александар Панов. Рече дека општината има капацитет и сама да го организира зонското паркирање, но треба да се почитуваат параметрите од физибилити студијата кои покажуваат дека може да биде успешен модел и јавното приватно партнерство
Објаснување на наодите од студијата дадоа и луѓето од Центарот за економски анализи кои ја изработија. Нивниот став е општината да не користи пари од буџетот за решавање на овој проблем. Бидејќи истите може да ги пренамени за други проекти, а паркирањето да се реши по пат на јавно приватно партнерство, бидејќи за тоа има позитивни примери од Битола и Скопје.
По два часа дискусија за паркирањето советниците едногласно прифатија неколку одлуки кои ќе го регулираат зонското паркирање, а со 12 за и 6 против помина одлуката за започнување на постапка за доделување договор за концесија за давање услуги на паркирање во општина Кавадарци.
Едногласно, без дискусија оветот денеска во рами на 22 седница ги прифати измените и дополнувањата на одлуката за изврѓување на буџетот за 2014 и неколку одлуки поврзани со урбанистичко планска документација за повеќе опфати во општината. Беа разрешени старите и именувани нови членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Беше назначен директорна фондацијата за социјална, здравствена и културна подршка на граѓаните на општина Кавадарци. Едногласно помина и статутот на детската градинка „Рада Поцева“ и одлуката за утврдување на работното време на вработените во градинката. Без дискусија беше прифатен ивештајот за редовното работење на ЈП „Јасмин“ Кавадарци за првото полугодие од оваа година.
Ангел Данов
Додади коментар