Зимската служба на Кавадарци опремена со современа механизација
25-11-2014 РЕГИОН

Компанијата „ЈАМИ“ од Кавадарци и годинава ќе работи на одржување на улиците и локалните патишта во текот на зимата. Возниот парк со механизација за чистење на снегот е збогатен со нови современи возила. Од локалната самоуправа најавуваат дека и годинава зимската служба доследно ќе одговори на поставените задачи.

„Сеуште го немаме снегот за да буквално кажеме дека сме подготвени. Но заедно со изведувачот „Јами“ сме спремни да пристапиме кон првото чистење на снег кога ќе има потреба. Кавадарци е втора територија по големина меѓу општините. Имаме многу села под Кожув кои бараат соодветна меаханизација. Се надевам и оваа година ќе одговориме на задачите“ рече градоначалникот на Кавадарци, Алексаднар Панов

Сопственикот на ЈАМИ, Митко Јанчев исто така рече дека се подготвени и со механизација и со работна сила за змиско одржување на улиците и локалните патишта кои ги поврзуваат селата од подкожувјето со Кавадарци.

„ЈАМИ“ во изминатите години со добивањето на зимската служба на тендер набави соодветна механизација а изградивме и стручни луѓе кои можат да одговорат со таа механизација. Тука имаме механизација за работа во градското подрачје, но и механизација за делување во планиските делови од општината. Комплетно сме опремени за делување“ рече Јанчев.

Ангел Данов



Share

Додади коментар