Земјотресот вчера почувствуван и во Тиквешко
12-09-2016 РЕГИОН

Жителите од Тиквешијата и од велешко вчера во 15.10 часот ги испаничи земјотрес чии епицентар беше во скопско  со јачина од 5.2 степени по рихтер.

 

 Земјотресот се случил на   4km длабочина во земјата и беше најсилниот од серијата земјотреси кои ги испаничија жителите на главниот град.

 

По  овој земјотрес следуваа уште неколку послаби потреси. Последниот беше регистриран во 20.57 часот.

 

Во нашиот регион нема никакви материјални штети, ниту пак повредени, додека во епицентралното подрачје, во скопско, има мали материјални штети и 50 тина повредени  кои панично ги напушале домовите.

 

Стручњаците објаснуваат дека во Македониај има 30- тина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.

 

А.Д



Share

Додади коментар