Земјоделците да ги почитуваат препораките за заштита од пожари
03-07-2014 РЕГИОН

ПРИДРЖУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД СТРАНА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ,ЗА ДА СЕ ЕЛИМИНИРА МОЖНОСТА ОД ГОЛЕМИ ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ. ОВА Е АПЕЛОТ КОЈ ГО УПАТУВААТ ОД ПРОТИПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ОД ВЕЛЕС ВО ПРЕСРЕТ НА ПЕРИОДОТ КОГА СЕ ОЧЕКУВААТ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ.

ПОЖАРНИКАРИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ Е ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ИЗОРААТ ЗАШТИТНИ ПОЈАСИ. САМО ТАКА СЕ НАМАЛУВА ОПАСНОСТА ПОЖАРОТ ДА СЕ ПРОШИРИ КОН ШУМИТЕ ИЛИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА.

ПОСЕБНО СЕ ПОСОЧУВА ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТАТА ,ОТИ ТОА Е ПРИЧИНА ЗА НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР..

„Еве сега се жнеат житариците ,а нивна задача е да изораат заштитни појаси кои што огнот нема да може да ги помине и се прошири преку нив. Знаеме дека е строго забрането палење на стрнита затоа што така најчесто се пали шумата„вели Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес

ОД ПРОТИВ ПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ВЕЛАТ ДЕКА ВЕЌЕ ГИ КОНТАКТИРАЛЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ КОИ ИМААТ МЕХАНИЗАЦИЈА ДА СЕ НАПРАВАТ ЗАШТИТНИТЕ ПОЈАСИ ,НО ПОСОЧУВААТ ДЕКА ЕДУКАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ.

БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТАА СОРАБОТКА ,МИНАТОТО ЛЕТО ЗНАЧИТЕЛНО СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ШУМСКИ ПОЖАРИ.

„Подолго време работиме на полето на едукацијата на граѓаните како во градската така и во руралните средини. Сепак дури сега се гледаат бенефитите од таа активност со намалениот број на пожари на отворен простор во последниве лета .Заклучок по секој настанат пожар е човечки фактор ,односно несовесно постапување „вели Лепидовски.

ВНИМАТЕЛНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е КЛУЧНА ВЕЛАТ НАДЛЕЖНИТЕ. ТИЕ И ГОДИНАВА ПРЕКУ ФЛАЕРИ ЌЕ ГИ АЛАРМИРААТ ЛИЦАТА КОИ ПАТУВААТ ДА НЕ ФРЛААТ ОТПУШОЦИ ИЛИ ДРУГИ ЗАПАЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ.

 Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар