Земјоделци внимателно кога наводнувате под далековоци!
19-07-2016 РЕГИОН

Поголемо внимание да покажат земјоделците за својот живот  додека ги наводнуваат  земјоделските површини, апелираат од Македонскиот електро преносен систем оператор МЕПСО. Посебно внимание треба да се посвети при поставувањето на распрскувачите, тие да не бидат под далеководите, бидејќи водата е проводник.

 

Портпаролот на АД МЕПСО,  Никола Стојанов, денеска беше во посета на Кавадарци и во изјавата за КТВ  нагласи дека земјоделците при поставувањето на цевководите и системите за распрскување во близина на трасите на далекуводните мрежи треба посебно да внимаваат, бидејќи секое невнимание може да биде кобно по нивните животи, а претставува и опасност за преносниот електро-енергетски систем.

 

„ Земјоделците треба да направат проценка на правецот на ветерот и на висината на млазот на водата со која ги наводнуваат своите парцели. Со подигањето на цевките себеси се изложуваат на опасност и тоа може да биде кобно по нивните животи, рече Стојанов.

 

 МЕПСО, односно Македонски електропреносен систем оператор е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година, чија основна дејност е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти.

 

А.Д



Share

Додади коментар