Во организација на Здружението „Винотек“, а под покровителство на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и Советот на општината, на градскиот плоштад во Кавадарци на 27 28 март ќе биде организиран мини саем на препарати, опрема и механизација за земјоделството.
Целта на оваа манифестација е на едно место да се соберат производителите и дистрибутерите на препарати и средства за заштита, ѓубрива, расаден материјал, системи за наводнување, механизација за обработка на земјоделски култури, средства и опрема за производство и чување на виното, кои че се презентираат пред заинтересираните земјоделци од Тиквешијата.
Саемот ќе го отвори Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов во присуство на представници од Министерството за земјоделие, високошколските установи од областа на земјоделието, локалната самоуправа, дипломатскиот кор и бројните посетители. Саемот е можноста на едно место да се видат најсовремените дострели на аграрот во поглед на обработка, заштита и зголемување на приносите во земјоделието со акцент на лозарството. Овој саем е идеална прилика за непосреден контакт помеѓу продавачите и купците на експонатите кои ќе бидат изложени. Манифестацијата ќе биде проследена со музичко-фолклорна содржина од Тиквешкиот крај.
Покрај штандовите и експонатите кои ќе бидат изложени пред посетителите посебно внимение треба да предизвика тематското предавање „Патот на успехот за добро вино“ на проф.др Ѕвонко Божиновиќ од факлултет за Земјоделски науки и храна при УКИМ од Скопоје ке ќе се одржи во петок со почеток во 13:00 часот во салата на Советот во зградата на Општина Кавадарци.
А.Д

Додади коментар