Здружението на слепи лица Кавадарци и годинава ќе биде домаќин на маршот по повод денот на „Белиот стап“
09-10-2013 РЕГИОН

Здружението на слепи лица Кавадарци и годинава ќе ја има честа да биде домаќин и да го организира маршот по повод 15 ти октомври денот на Белиот СТАП или слепите или слабовидни лица. Во рамки на тоа одбележување денеска од здружението претседателката Султана Јошева ги најави и спортските игри или поточно натпреварот во ГОЛ БАЛ за слепи лица од Скопје, Битола, Прилеп и градот домаќин Кавадарци.

 

Истите ќе се одржат во недела на 13 ти во спортската сала Партизан со почеток од 10 часот. Своето присуство и овој пат веќе го загарантира вели Јошева,  претседателот на националниот сојуз на слепи лица во Македонија Жарко Селковски.

 

Целта е да потсетиме повторно во рамки на Белиот Стап дека и ние сме тука присутни меѓу останатите но далеку потивки и по не приметливи за жал, вели претседателката на кавадаречкото здружение. Она што на слепите лица во Кавадарци пред нивните пријатели од цела Македонија минатата година на 15 ти окотмври им го вети градоначалникот Александар Панов беа семафорите со звучна сигнализација.Здружението во Кавадарци бележи над педесет членови.Во Република Македонија Националниот сојуз евидентира околу 2000 слепи лица.

 

Нивните секојдневни проблеми се незаменливи за оние со вид. Покрај низата бариери во секојдневието за слепите лица, белиот стап е продолжена рака,но и непознаница за се друго што е надвор од дофат.Слепилото секогаш било и ќе биде тешка инвалидност и поради тоа неопходно е константно да се следат специфичните потреби и проблеми на слепите.

Mилица Младенова

 



Share

Додади коментар