Здружението на пензионери од Кавадарци донираше за поплавените
16-08-2016 РЕГИОН
Пензионерите од Кавадарци во многу наврати на дело ја покажале својата хуманост. Секогаш се подготвени да помогнат таму каде е потребно. Информацијата што ја добивме денеска од кавадаречкото здружение на пензионери говори за уште еден хуман потег од нивна страна.
Одлучиле да донираат 50 илјади денари за поплавените во скопско. Парите ќе бидат уплатени на сметката за донации.
Со иста сума кавадаречките пензионери помогнаа и минатата година, кога имаше поплави во битолско.
“Подготвени сме секогаш да ја пружиме нашата помош во граници на нашите можности“ нагласуваат од Здружението на пензионери Кавадарци.
А.Д

Додади коментар