Против иницијативата за преименување на плоштадот во Кавадарци, по серијата коментари на социјалните мрежи, денеска со соопштение се огласи и претседателството на Здружението на борците. На денешната седница донеле заклучок дека не треба да се изврши промена на името на центарот на Кавадарци.
„Сметаме дека името на плоштадот „Маршал Тито“ не треба да се менува заради заслугите на Јосип Броз Тито во стварањето на македонската држава“ се наведува меѓу другото во обраќањето до јавноста и се нагласува дека иницијативата за промена на името на плоштадот требало да оди на поширока јавна расправа.
Точката за преименување на градскиот плоштад од Маршал Тито во Филип петти е на дневен ред на утрешната седница на советот на општина Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов рече дека е подготвен истата да ја повлече од дневен ред и сепак граѓаните да го кажат своето миселе за новото име на плоштадот.
А.Д

Додади коментар