Техничко-технолошкиот процес во комбинатот за производство на феро никел, напредокот што е постигнат во изминатите години во делот на екологија, инвестиции и други информации од јавен карактер денеска им беа претставени на дел од вработените во Здравствен дом Кавадарци во рамки на отворен ден.
Лекарите, медициснките сестри и административниот персонал преку видео презентација и посета на погоните за производство имаа можност одблизу да погледнат како работи фабриката, какво е нејзниното влијание врз животната средина, да погледнат голем дел од инсталираната опрема за производство и за заштита на животната средина. Исто така ја имаа можноста и да поставуваат прашања до одговорните инжинери за животна средина и инжинери металурзи.
Фени индустри повторно ја искористи можноста да ги покани сите граѓани на општина Кавадарци но и од цела држава дека секој последен петок во месецот да ја искористат можноста што ја нуди отворениот ден, да се запизнаат одблизу со работењето на компанијата. Се што треба да се направи е да се пријават со испраќање на имеил на zivotnasredina@feni.mk со име и презиме и назнака „пријава за отворен ден“. Првопријавените 15 лица ќе имаат можнот да ја посетат фабриката.
А.Данов
Додади коментар