Здравствени пунктови за помош од горештините
25-07-2013 РЕГИОН

Температури од 40 степени целзиусови најави вчера УХМР. Од денеска Македонија е зафатена од топлотен бран, а од понеделник влегува и во портокаловата фаза. Веднаш по ваквата информација вчера реагираше до јавноста и Министерството за здравство. Од таму потсетија на препораките за граѓаните особено хронично болните и најавија здравствени пунктови низ повеќе општини во Македонија.На најавите сериозно реагира и здравствен дом Кавадарци од каде информираат дека на терен екипи ќе излезат уште денеска.

Директорот доктор Никола Трендафилов информира дека здравствен пунк на градскиот плоштад во Кавадарци ќе има уште денеска во периодот од 18 до 21 часот. На истиот граѓаните ќе можат бесплатно да го измерат крвниот притисок, да добијат лекарска интервенција доколку биде неопходна, медицински совети и флаери со препораки за заштита од топлотниот бран. Честа ќе биде присутноста на пунктовите се додека има препораки од Министерството за здравство и најави за високи температури и аларми од УХМР категоричен е Трендафилов кој понатаму додава дека здравствен дом веќе крои и план како здравствен дом од следната седмица за која е најавена  портокалова фаза да реагираат и на терен во пазарните денови.

Недела, среда и петок според него со високи температури се нај ризични бидејќи зголемена е фрекфентноста, а меѓу граѓаните најбројни се пензионерите. Секогаш работиме во функција на нашите граѓани. Нивното здравје е пред се, а наше е да реагираме.Ќе бидеме мобилни се додека временските услови го бараат тоа, вели за ктв директорот на здравствен дом Никола Трендафилов.



Share

Додади коментар