Се зголемува одзивот на граѓаните на избирачките места, покажуваат податоците од ОИК споредено со излезноста во 10 часот.
И понатаму гласањето во Тиквешијата е без проблеми. До 13 часот во Кавадарци гласале 27,67% од вкупниот број избирачи, или правото на глас го оствариле 8885 кавадарчани.
Во Неготино до 13 часот правото на глас го оствариле 4.587 граѓани со право на глас, или 29,02% од вкупниот борј запишани избирачи. Проблеми во текот на гласањето нема, потврди за канал 77, претседателката на ОИК, Нетка Веселинова.
Во Росоман на гласачките места до 13 часот излегле 24,81%. Лазар Симоновиќ, претседател на ОИК вели дека проблеми не се бележат, а споредено со 10 часот се бележи поголема излезност.
Најголема излезност се бележи во Демир Капија. Таму гласале 32,75% од запишаните избирачи 3331.
А.Д
Додади коментар