Зголемен е капацитетот на ковид одделот во кавадаречката болница
24-10-2020 РЕГИОН

Од денеска ковид одделот во Општа болница Кавадарци има капацитет од 23 болнички кревети. Зголемен е од претходните 14,  поради зголемениот број на ковид позитивни пациенти,  кои имаат потреба од хоспитализација.

 

„Во моментов хоспитализирани се 12 пациенти. и сите се во стабилна состојба. Пациентите се на возраст од 38 до 72 години“ - информираше директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

Во изминативе 24 часа примени се  двајца нови, а еден пацент поради влошена состојба  е пренесен на клиниката за инфективни болести во Скопје.

 

Директорот на болницата информира дека бизнис секторот донирал за потребите на ковид одделот.

А.Д



Share

Додади коментар