Отсега и лицата со оштетен вид ќе можат безбедно да се движат на раскрсницата во центарот на Кавадарци. На семафорите е поставен уред кој со звук им сигнализира на лицата со оштетен вид дека на семафорот има зелено светли и може безбедно да ја преминатулицата.
„ Ова беше барање од страна на здружението на слепи лица и нивното претседателство. На радост на сите наши сограѓани, па и оние намерници кои имаат вакви проблеми, е поставена оваа опрема и мислам дека го направивме она вистинското. Комапнијата„Електро софт“ го донира за општина Кавадарци, а преку нас и за лицата со оштетен вид. Ова е само почеток. Ист ваков уред ќе има и на соседната раскрасница. Исто и тој ќе биде донација, а ќе ја разгледаме можноста вакви уреди да се постават и на другите раскрсници за што ќе си платиме“ рече градоначалникот Александар Панов.
Благодарност за поставувањето на звучниот уред искажа претседателката на Здружението на слепи лица Кавадарци, Султана Јошева.
„ За нас слепите лица ова е многу значајно. Ни го олеснува секојднвниот живот и извршувањето на секојдневните потреби. Сакам да искажам благодарност за ова и за досегашната соработка со градоначалникот и со локалната самоуправа. Многу значајно за нас е и реализирањето на проектот за општо корисна работа“ рече Јошева и нагласи дека здружението има доставено и други барања до општината, но најбитните веќе биле реализирани.
A.Д
Додади коментар