Заседаваше советот на општина Неготино
01-10-2013 РЕГИОН

Советот на општина Неготино вчера  усвои одлуки  за измена на распоредот и за проширување на средствата во буџетот за 2013. Беа прифатени и предложените програми и извештаи за работа на основните училишта во општината и средното општинско училиште Свети Ќирил и Методиј.

Советниците ја прифатија и иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација за катастарска парцела во место викано Црвеника,  за изградба на стопански објект-ладилник со винарија. Беа прифатени и други урбанистички одлуки.

Се разгледа и усвои и информацијата ид  полициска тсаница од општа надлежност Неготино за состојбите од областа на јавната безбедност, јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на патиштата за првото шестомесечија од 2013 година.

A.Д



Share

Додади коментар