Засадени 200 садници во дворот на кавадаречката болница
18-11-2020 РЕГИОН
Под мотото „Растеме заедно“, денес во дворот на Општа болница Кавадарци беа засaдени 200 млади садници од повеќе видови растенија. Целта на акцијата е да се разубави дворот на болницата и да се придонесе кон подобрување на еколошките услови.
 
 
Во посета на Општа болница беше градоначалникот Митко Јанчев кој во придружба на директорот на болницата д-р. Димитар Коцев учествуваше во реализацијата на овој хуман и благороден настан.
 
 
Носител на проектот е Невладината одрганизација „BALKAN BRIDGES“ чии претседател Душко Христов ги информираше Јанчев и Коцев за целта со која оваа невладина организација ги донираше средстватa во разеленување на дворот на кавадаречката општа болница.
Позитивен став кон овој хуман гест искажа и Роберто Паризов претседател на „Еко живот“ од Кавадарци.
 
    
Градоначлникот Јанчев изрази благодарност за донацијата и уште еднаш го потврди ставот на општината во правец на безрезервна поддршка на еколошките проекти.
 
 
Благодарност искажа и директорот Коцев кој посочи дека раководството на болницата самоиницијативно превзмало активности на расчистување и уредување на дворот со цел да се обезбеди простор каде болните би се чуствувале пријатно.
Денес садењето на растенијата го реализираа невладините „BALKAN BRIDGES“ и „Еко живот" со помош на надлежните од општината и ЈП „Комуналец“ .
 
Проектотот  финансиски е поддржан од Европската Унија.
 
 


Share

Додади коментар