Запросување на матурска вечер во Велес
21-05-2013 РЕГИОН
Понудата за брак падна пред очите на соучениците и професорите.
Синоќешната матурска вечер на средношколците од економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес заврши со предлог за брак. Во еден момент кога светлата се изгаснаа, а музиката сопре влезе момче во салата и ја побара својата девојка, матурантка за сопруга.
Пред момчето на колена со прстен во рака и пред многубројната публика судбоносното ДА го кажа маурантката. После синоќешното запросување и завршувањето на матурската вечер, двајцата млади ќе се подготвуваат за свадба. Дума.мк го објавува видеото кое денеска беше објавено на социјалната мрежа ФБ од чинот на запросување.
Извор: Дума.мк

Додади коментар