Започнува „Алшар 2017“
09-06-2017 РЕГИОН

 

Денес и официјално започнува второто издание на најголемата outdoor авантура, Алшар 2017 во која во наредните три дена неколку илјади вљубеници во природата, велосипедизмот, планинарењето, планинското трчење, забавата и дружењето од сите краеви на земјата ќе го допрат сонцето и ќе ја осознаат тајната за настанокот на светот.

 

Според програмата на овогодинешниот фестивал на отворено, кој претставува спој на науката, младоста и спортската авантура, денешниот ден е предвиден за пристигнување на учесниците во кампинг зоната. За сите оние кои уште денес  ги  поставија  шаторите организиран е концерт на КУД „Тиквеш“ од Кавадарци и настап на групат Чардак.

 

Утре, сабота, 10 јуни, ќе се возат крос мотори, ATV и теренски возила низ патеките на Алшар, организирана е факултативна посета на Темната пештера, за потоа да следат слободни активности за сите учесници и демонстрација за одржување на велосипед на Илија Стамаџиев и мајсторот за велоспидени, Рипата. Во вечерниот дел од настанот свои настапи ќе имаат DJ Славе Келешовски, локални диџеи и Smoke Shakers.Поради преголемиот интерес, стартен пакетите ќе се продаваат и во фестивалската зона во Мрежичко.

 

Дополнително, за сите оние кои што сакаат да бидат дел од авантурата наречена Алшар 2017, и веќе го имаат купено својот пакет, компанијата Екстра бус обезбеди бесплатен превоз до Мрежичко. Тргнувањето е предивдено во недела, 11 јуни, во 6 часот и 30 минути од градскиот плоштад во Кавадарци.



Share

Додади коментар