Започнува реконструкцијата на „Северен булевар“ од 15 април
13-04-2019 РЕГИОН
Од 15 април годинава ќе се започне со реконструкција на Северен булевар. Во рок од 30 до 40 дена, додека трае реконструкцијата, ќе биде забрането движењето на тешки товарни возила по Северен булевар, а со тоа се забранува и влез во внатрешноста на градот.
За останатите возила ќе има посебен режим на движење според вертикална сообраќајна сигнализација - информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Додади коментар