Започнува последната фаза пред стартот на зонското паркирање во Кавадарци
26-01-2015 РЕГИОН

Зонското паркирање во Кавадарци за брзо би требало да стане реалност. Неделава општината ќе го распише тендерот за избор на најдобра понуда која ќе бида пресудна да се избере партнерот со кој општината ќе го организира зонското паркирање.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов денеска на прес конференција најавувајќи го тендерот најави дека веќе се создадени потребните предуслови кои ќе го надминат проблемот со немањето доволно простор за паркирање.

 

-          Неделава ќе биде рапишан тендерот за избор на партнер за зонското паркирање. Очекувам да се пријават што повеќе заинтересирани. Кавадарци заврши со една долготрајна постапка за регулирање на паркингместата. Сите услови ќе бидат објавени во тендерската документација. Кавадарци во моментов има околу 1000 паркинг места, рече Панов.

Модуларниот паркинг  кој беше пуштен во функција на денот на ослободувањето на Кавадарци има капацитет од околуи 80 автомобили и можност за надградба со уште едно ниво и дополнителни 40 паркинг места.

 

-          „Катната гаража е постојано полна но и покрај тоа имаме автомобили кои се паркираат лево или денсо од неа.Паркирањето во катната гаража сега е бесплатен. Меѓутоа кога ќе почне зонското паркирање,  тогаш ќе се плаќа и за паркирање во  катната гаража“ рече Панов.

 

Општината преку лиценцирана фирма изготви студија за јавно приватно партнерство, како основа за вовцедување на зонско паркирање во централното градско подрачје. Студијата покажа дека постојните паркинг места како и капацитетот на улиците, наметнуваат потреба од воведувањена три паркинг зони, каде би се организириало зонското паркирање.

Оваа студија во целост ја оправда намерата на општинското раководство дека воведувањето на зонско паркирање преку јавно приватно партнерство е општимално решение во овој проблем. Подршка за зонско паркирање се доби и од советот на општината.

Ангел Данов



Share

Додади коментар