Градоначалникот Александар Панов, претседателот на кавадаречкиот совет Горица Пеливанова Вилхелм, советници во кавадаречкиот совет и пратеничката Весна Пемова, синоќа ја имаа првата од серијата средби што ќе се одржуваат во наредниот период со жителите од месните и урбаните заедници.
Синоќа локалната власт даде отчет за досега сработеното и за идните проекти пред жителите на урбаните заедници Задругар и Кула.
Граѓаните го ислушаа отечетот од градоначалникот, а испорачаа и свои барања до локалната власт. Се поажалија на немање паркинг простор и побараа од локалната самоуправа да се решава овој проблем. Исто така приритет за нив е да се постави улично осветлување на северен булевар, а побараа и проектот за реконструкција на фасадите да продолжи и на другите делови од градот, а не само во централното градско подрачје. Од градоначлалникот добија одговор дека во втора фаза од спроведувањето на проектот ќе се реконструирале фасадитена зградите од стара автобуска до поранешна „Автомакедонија“.
Жителите искажаа задоволство од тоа што ова лето имаа редовно водоснабдување, а рестрикциите кои беа карактеристични за летниот период во минатото ги немаше.
Ангел Данов

Додади коментар