Стручни тимови од локалната самоуправа во Неготино деновиве работеа наодбележување на просторот за продажба, општина Неготино благовремено ги започнаподготовките за традиционалната стопанска манифестација Неготински панаѓур-најмасовна одваков вид во Република Македонија.
По исти цени како и минатогодишните и оваа година ќе се продаваат продажните места на повеќелокации во градот на кои за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур ќе можат да се поставуваат тезги на кои трговците ќе нудат, а посетителите ќе можат да купуваат производи истоки.
Како што информираат одговорните, распределбата напродажните места за поставување на тезги ќе започне од среда ( 14-ти септември ) и ќе трае се доденовите на отпочнување на панаѓурот. Инаку, и оваа година Неготинскиот панаѓур ќе трае 3 денаи тоа од 21 до 23 септември, односно во среда, четврток и петок кога во нашиот град да го посетатилјадници посетители од сите краеви на Македонија.
К.Ѓ

Додади коментар