Започнаа крводарителските акции во средните училишта
25-09-2013 РЕГИОН

Денеска стартуваа есенските крводарителски акции низ средните училишта во градот. Црвениот Крст веќе ги финализира преговорите со училиштата и договорени се термините во кој средношколците ќе ја покажат својата хуманост.Први како по традиција и оваа есен се гимназијалците.

Од Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци велат дека и годинава од Гимназијата се очекуваат најголем број дарувани единици крв.Први денес даруваа матурантите односно средношколците од четврта година. Законот сега вели крв ќе можат доброволно да даруваат и средношколците со полни 17 години но со претходно потпишана согласност од родителот.Акцијата стартуваше во 13 часот, а во ист термин ќе бидат и останатите предвидени за двете средни стручни училишта во градот. Од најголемата хуманитарна организација потенцираат дека по Гимназијата Добри Даскалов следни на есенскиот список за крводарување се СОУ Ќиро Спанџов Брко и ЗШУ Ѓорче Петров,па така во петок на 27 ми во периодот од 13часот па се до крајот на училишната смена крв ќе можат да даруваат и учениците од СОУ Ќиро Спанџов Брко.

Се уште не е точно прецизиран датумот за крводарителска акција со СОЗШУ Ѓорче Петров заради активно изведување на практичната настава во која учествуваат токму средношколците кој ги исполнуваат критериумите за крводарување односно трета и четврта година. Очекувањата и во овој есенски караван се исти.Веќе е докажано дека кавадаречката младина е меѓу нај хуманите во Републиката,па според тоа и проценките на црвениот крст се одличен број доброволно дарувани крвни единици.

Милица Младенова



Додади коментар