Започнаа активностите за реконструкција на паркингот под хотел „Балкан“
15-08-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци реализира нов комунален сообраќаен проект. Ангажираната фирма „Изолација“ започна со подготвителните работи за реконструкција и проширување на паркингот на улицата „Благој Крстиќ“ под хотел Балкан.


Градежната механизација денеска го отстрануваше стариот асфалт, работеше на расчистување натеренот, како и на нивелирање на улицата „Тошо Велков-Пепето“.


На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината ќе изгради нов паркинг, ќе асфалтира два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, а ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот.


Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, а воедно ќе урбанизира еден запуштен простор во најстрогиот центар на градот - информираат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар